Fillerina® 12 HA Densifying-Filler Интензивен третман – СТЕПЕН 1,2,3

Концентрации (јачини): Степен 3, Степен 4, Степен 5

Напредно решение за пополнети брчки и поцврста структура на кожата

  • Ефект на филер за вдлабнатини на кожата, за волумен на јаболчниците и усните.
  • Згуснувачки (densifying) ефект за поддршка на цврстината на кожата.
  • Интензивен третман во гел + хранлив филм

Fillerina® 12HA Densifying-Filler Intensive Treatment – Вашиот домашен естетски експерт.

Првиот дермо-козметички филер за надворешна апликација кој дава резултати за само 14 дена. Со помош на специјалниот апликатор, вие имате целосна контрола: прецизно пополнете ги брчките или додадете волумен на јаболчниците и усните. Едноставно, прецизно и безболно – секој ден, како дел од вашата омилена рутина.

Ефект на филер: 12 хијалуронски киселини со различни молекуларни тежини – за пополнување на брчките на кожата и за згоемен волумен на јаболчниците и усните.

Згуснувачки (densifying) ефект: 3 колагени и 2 еластини за поддршка на цврстината на кожата.

 

КАКО СЕ НАНЕСУВА FILLERINA ИНТЕНЗИВНИОТ ТРЕТМАН

DENSIFYING-FILLER ТРЕТМАН ЗА ДОМАШНА УПОТРЕБА

Ефект на филери, без игла: Новата ера на дермокозметиката

ДЕРМО-КОЗМЕТИЧКИ DENSIFYING-FILLER ТРЕТМАН ЗА ДОМАШНА УПОТРЕБА

Достигнување на врвни естетски резултати во удобноста на вашиот дом

Ефект на филер: 12 хијалуронски киселини со различни молекуларни тежини – за пополнување на брчките на кожата и за зголемување на волуменот на јаболчниците и усните.

Згуснувачки (densifying) ефект: 3 колагени и 2 еластини за одржување на цврстината на кожата.

02_Card

Главни придобивки

Редефинирајте го волуменот. Измазнете ги брчките. Вратете ја густината.

✔ За старосни брчки и експресивни линии

✔ За волумен на јаболчниците и усните

✔ За измазнување на брчките меѓу веѓите (глабеларни), назолабијалните набори и брчките околу контурата на усните

✔ За густина и еластичност (пластичност) на кожата

✔ За обновување на кожните структури како колагенски влакна, еластични влакна и екстрацелуларна матрица

ВОДИЧ ЗА ИЗБОР НА ИДЕАЛЕН ТРЕТМАН

Прилагодете го третманот на вашите потреби: Fillerina нуди 3 специфични нивоа на концентрација. Без разлика дали станува збор за први знаци на стареење или изразени длабоки брчки, постои прецизна формула дизајнирана специјално за вашата кожа

Fillerina_scala
03_BlockImageCard1

Тестирана ефикасност

94% ОД ПОТРОШУВАЧИТЕ ЈА ОЦЕНУВААТ FILLERINA СО НАЈВИСОКА ОЦЕНА

Покрај техничко-научните евалуации, Labo го следи и степенот на задоволство на потрошувачите од резултатите постигнати со Fillerina, преку собирање формулари за самооценка. Досега собраните прашалници (3.000) статистички ги обработи Praxidia, водечки меѓународен истражувачки институт. Со анализа на податоците, истражувачите извлекоа многу важни резултати, од кои најзначаен е бројот на потрошувачи кои изјавиле дека се особено задоволни од резултатите на Fillerina – 94% од вкупниот број, односно 2.820 од 3.000.

3 КЛУЧНИ ЧЕКОРИ ЗА МАКСИМАЛЕН ЕФЕКТ

1.

Мали трикови за максимален ефект: Пред да започнете со вашиот Fillerina третман, испијте две чаши вода – хидратацијата одвнатре помага за подобар волумен!

2.

Нанесете го производот на совршено чиста кожа за активните состојки да продрат длабински.

3.

Повторувајте го овој ритуал неколку пати годишно за секогаш свеж и младешки изглед.              

04_Card

Како се нанесува FILLERINA 12HA DENSIFYING-FILLER

Fillerina 12HA Densifying-Filler Интензивен третман се користи секој ден 14 дена, наутро или навечер, во зависност од индивидуалните потреби и навики.

Risorsa-1

1. Испијте две чаши вода пред нанесувањето на Fillerina Gel за да се олесни неговото дејство.

Risorsa-2

2. Исчистете ја кожата и отстранете го себумот и нечистотиите.

Risorsa-3

3. Со специјалниот диспенсер/апликатор извлечете 2 ml Double Filler Gel и прецизно нанесете го на посакуваните области.

Risorsa-4

4. Оставете го гелот да делува 10 минути. Не правете кружни масажи или движења. Со дланките нежно потапкајте го преостанатиот производ за да ја завршите апликацијата.

Risorsa-5

5. Извлечете 1–2 ml Nourishing Film и нанесете го на целото лице и врат.

Risorsa-6

6. Нежно потапкајте за да се поттикне апсорпцијата.

ДАЛИ ВИ Е ПОТРЕБНА ПОМОШ?

За секое прашање, слободно контактирајте нè. Ќе ви одговориме во најкраток можен рок.

ПРОНАЈДИ ОВЛАСТЕН ДИСТРИБУТЕР

Пронајдете најблизок овластен дистрибутер

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА НАШИОТ БИЛТЕН

Внесете е-пошта за најнови вести и промоции.